Компанијата Sony за нешто повеќе од пет месеци продаде дури 7,8 милиони конзоли PlayStation 5.
Овие информации се откриени во рамките на најновите финансиски извештаи на Sony, кои покажуваат дека во периодот помеѓу јануари и март се продадени 3,3 милиони конзоли, а истовремено продала милион PlayStation 4 конзоли, со што е зголемена доминацијата во гејмингот на оваа компанија.
Пандемијата на коронавирусот значајно ги промени навиките на луѓето, многу останаа дома , а тоа резултираше со подобра продажба на конзолата. Моментно PlayStation Plus има 47,6 милиони претплатници, а во изминатите три месеци биле пријавени 109 милиони корисници на PlayStation Network. Иако продажбата на игри е во пад во однос на празничкиот квартал, повеќе биле преземени по дигитален пат.
Единствената работа која моментно го забавува Sony е неговата неможност да произведе доволно конзоли за да ја задоволи побарувачката.