Наследникот на M1 чипсетот на Apple може да пристигне на MacBook уредите во текот на втората половина оваа година, според извештајот на Nikkei. Буквално наречен Apple M2, процеосорот наводно влегол во производство и би можел да се испорачува до јули.
Чипсетот ќе го произведува TSMC, со користење на најновата технологија позната како „5-nanometer plus“ (N5P). Според информациите, производството на чипсетот би требало да трае барем три месеци. Како и претходниот модел, M2 моделот ќе биде комплетен system-on-a-chip (SoC) и ќе има интегриран процесор, графички процесор и AI процесор.
Apple моментно ги произведува MacBook Air, MacBook Pro, Mac Mini и неодамна претставениот 24-инчен iMac, а сите овие уреди користат M1 чипсети. Оригиналниот план на компанијата е во рок од две години да ги замени процесорите на Intel со сопствени чипови, односно до крајот на 2022. година.
Поврзани артикли