Microsoft објави нова алатка наменета за програмерите, која им овозможува да го продолжи животниот век на батеријата.

Новата функција треба да ги намали и проблемите кои предизвикуваат прегревање, врева од вентилаторите и термичко пригушување (намалување на перформансите поради прегревање). Новиот EcoQos на Microsoft е ниво на квалитет на услуга (Qos), кој е дел од напорите на компанијата да биде карбон негативна до 2030. година. Microsoft ја најави оваа нова алатка во моментот кога се одбележува Денот на планетата Земја и ги поттикнува организациите да се позанимаваат со климатската криза. Според Microsoft, програмерите можат да се одлучат за EcoQos за да осигураат Windows 10 уредите да постигнат „подобра енергетска ефикасност/продолжен век на траењето на батеријата, намалена врева од вентилаторите и намалување на силата и термичкото пригушување“

Тоа би можело да има влијание со оглед на тоа дека денес се користат Windows 10 уреди и дека лаптоп и десктоп компјутерите поинтензивно се користат во текот на пандемијата за работа, онлајн игри и видео состаноци. Microsoft објаснува дека поголемите тактови пружаат поголеми перформанси, но со експоненцијално поголема потрошувачка на енергијата, што може да резултира со полош век на траење на батеријата, повисоки температури и посилна врева од вентилаторите. Не им се потребни на сите задачи апсолутно највисоки перформанси, па Windows динамички го рекофигурира процесорот за да пружи правилен баланс на перформансите и ефикасноста на напојувањето. EcoQos излегува со Windows 10 Insider Preview Build 21359, кој на почетокот на овој месец го објави Microsoft.