Аргентинец минатата недела случајно го купил доменот на локалната верзија на Google за 540 аргентински пезоси, што е околу 300 денари.
Доменот бил достапен по истекувањето на рокот на важење, а ова предизвикало привремено затворање на пребарувачот во Аргентина. Николас Курона го купил доменот на веб-страница за продажба на домени и известил за тоа на Twitter.
Quiero aclarar que entre a https://t.co/XtzUy8WL36 vi el nombre de https://t.co/cK20BdyuxB disponible y lo compre legalmente como corresponde!
— Nicolas David Kuroña (@Argentop) April 22, 2021
Роковите за важење на домените се достапни онлајн на веб-страници како „Ник“, на која Николас го купил доменот. Веројатно, од Google заборавиле да го обноват доменот и за тоа кратко време Николас ја искористил шансата.
Меѓутоа, Google го вратил доменот многу брзо и повторно бил достапен за корисниците во државата. Останува нејасно дали откупиле од Николас и колку ги чинело враќањето на доменот.
Поврзани артикли