Xiaomi пред речиси еден месец ја претстави својата визија на флекисбилниот телефон – Mi Mix Fold. Како што е и вообичаено со телефоните со флексибилен екран, секогаш се поставува прашањето за нивна издржливост.
За да ја докаже отпорноста на Mi Mix Fold моделот, Xiaomi го подлегна на опсежно тестирање. Телефонот е ставен на тестирање на свиткување од 400.000 пати, што во превод значи околу 10 години нормална употреба.
Самиот тест е спроведен во период од седум дена, во текот на кои Xiaomi Mi Mix Fold интензивно е свиткуван без престан, а овој процес е пренесуван и во живо во Кина.
Повеќе информации за Xiaomi Mi Mix Fold уредот можете да дознаете ТУКА.
Поврзани артикли