Лаптопите на Apple веќе долго време користат LCD екрани, но тоа може да се промени подоцна во текот на годината. Гласините сугерираат дека компанијата може да објави нови 14-инчни и 16-инчни модели кои ќе имаат XDR дисплеи, што е брендирање кое Apple го користи за mini-LED технологијата.

Извештајот на TrendForce споменува дека подоцна во текот на 2021. година се очекуваат два нови MacBook Pro лаптопи, а 14-инчниот модел ќе биде најновиот додаток во линијата. Apple засега го нуди MacBook Pro во верзии од 13 и 16 инчи, но претходно се појавија информации дека во подготовка е 14-инчен модел.

Apple кон крајот на минатата година го надгради својот 13 инчен MacBook Pro со M1 чипсет, а 16-инчната верзија се очекува да ја добие истата надградба во текот на оваа година.

Неодамно протечените скици покажуваат дека Apple може да го исфрли Touch Bar од идните MacBook Pro лаптопи и дека компанијата ќе обезбеди повеќе портови и опции за поврзување за идните модели (HDMI, порт за SD картички, MagSafe конектор).

 

Објавен новиот iPad Pro со M1 чип и Mini-LED дисплеј (ВИДЕО)