Четиричлен тим на астронаути на NASA полета со леталото на Space X до Меѓународната вселенска станица (ISS). Ова е првиот тим што е испратен во орбитата со рециклирана ракета од претходното лето.
Речиси 24-часовното возење до вселенската станица, која се наоѓа на 400 километри од површината на Земјата, требаше да започне во четврток, но беше одложено за денес поради лошите временски прогнози.
"Glad to be back in space for all of us." – @Astro_Kimbrough. The second stage has separated, and the @SpaceX Crew Dragon spacecraft with four astronauts aboard is in orbit, and on the way to the @Space_Station. pic.twitter.com/ygzlgtVjWd
— NASA (@NASA) April 23, 2021
Во тимот Crew 2 учествуваат двајца астронаути на NASA – командантот на мисијата Шејн Кимброу (53) и 49 годишната пилотка Меган МекАртур, заедно со јапонскиот астронаут Акихико Хошиде (52) и 43-годишниот француски инженер Томас Пескет од Европската вселенска агенција.
Метеоролозите за денеска предвидоа дека ќе има 90 проценти шанса метеоролошките услови на лансирното место да бидат поволни, што ги подобрува условите за лет.
3.. 2.. 1.. and liftoff! Endeavour launches once again. Four astronauts from three countries on Crew-2, now making their way to the one and only @Space_Station: pic.twitter.com/WDAl8g7bUK
— NASA (@NASA) April 23, 2021
Ова е трето лансирање на тимот во орбитата на приватната компанија на Елон Маск, SpaceX, под покровителство на НАСА.