Компанијата Rolls-Royce ги комплетирала тестирањето на тлото на идниот најбрз електричен авион на светот. 

Актуелниот рекорд за најбрз електричен авион го држи Extra 330LE кој ја достигна најголемата брзина од 342,9 км/ч, но тоа наскоро ќе се промени благодарение на компанијата Rolls-Royce, која во склоп на својата ACCEL иницијатива развила уште побрз авион.

Extra 330LE е модифицирана верзија на акробатскиот авион EA-300 на конвенционален погон, кој се појави кон крајот на осумдесеттите години минатиот век. Електричната верзија поседува SP260D мотор што го развила компанијата Siemens, а кој испорачува 358 KS и 1.000 Nm вртежен момент.

Меѓутоа, авионот ionBird на компанијата Rolls-Royce има мотор кој развива 500KS и кој достигнува максимална брзина од 480 км/ч.

Авионот се уште не го изврши официјалниот лет, но успешно е завршена фазата на тестирање на тлото. Rolls-Royce само што треба да го објави датумот на првиот лет.

Она што го забавува развојот на електричните авиони не е нивната брзина, туку досегот. Авионот ionBird ќе има досега од околу 320 км и тоа нема да се зголеми преку ноќ.

Од друга страна, авионот Extra 330LE може да остане во воздух само 20 минути, така што досегот му е помал.