Компанијата AUO неодамна ja објави А.R.T. (advanced reflectionless technology) за гејминг и професионално ориентирани дисплеи. Во текот на објавата, производителот прикажа и два нови дисплеј панела: 27-инчен QHD со стапка на освежување од 300Hz и 32-инчен 8K4K за професионалци.
AUO го разви A.R.T. за да им овозможи на корисниците да останат пред екранот во текот на подолг период, а при тоа да не ги заморат очите, без разлика дали се гејмери, професионални корисници или креатори на содржини. Споменатите A.R.T. дисплеи ги краси површина која нема отсјај и има anti-glare и anti-reflection слој.
Компанијата планира да објави 27-инчен QHD A.R.T. дисплеј со исклучителна брзина на освежување од дури 300Hz, наменет за гејмерите. Панелот ќе има и Dual Drive дизајн, како и одзив од 1ms. За професионалните корисници пристигнува 8K4K IPS дисплеј со 275ppi и A.R.T. поддршка.
AUO има во понудата и решение за корисниците на лаптопи. Компанијата развива 15,6-инчни екрани за лаптопи со A.R.T. Glass технологија. Ова ќе овозможи поотпорни панели и поимпресивни карактеристики за заштита од отсјај, па лаптопите ќе бидат подобни за надворешна употреба.
Повеќе за AUO A.R.T. технологија ќе дозаеме во текот на 2021 Smart Display Innovative Application Форумот, што ќе се одржи на 22. април.