Twitter воведе значајна промена и им овозможи на корисниците на iOS и Android, во твитовите да објавуваат фотографии во 4K резолуција.

Twitter веб апликацијата веќе поддржува фотографии со висока резолуција, до 4.096×4.096 чпиксели, но мобилните апликации беа ограничени само на половина од тоа, така што максималната резолуција изнесува 2.048×2048 пиксели.

Компанијата претходно почна да ја тестира опцијата на аплоуд на 4K фотографии наменета за корисниците на мобилните уреди, а сега се чини дека тестирањето поминало добро, со оглед што споменатата функција сега им е достапна на сите корисници.

За да ја овозможат новата опција, корисниците мораат да ја изберат секцијата „data usage“ во подесувањата на Twitter апликацијата и да ги вклучат опциите „high-qualitiy images“ и „high-quality image uploads“ наменети за гледање и објавување на 4K фотографии.

Корисниците можат да избберат и дали овие опции ќе бидат достаони за LTE и Wi-Fi мрежата, само за Wi-Fi мрежата или во целост ќе бидат изгасени. На сличен начин е можно да се управува со прикажувањето на видеа.