Социјалната мрежа TikTok се соочува со тужба поради собирање и користење податоци на деца, а казната што им се заканува може да изнесува неколку милијарди фунти.
TikTok е тужена од поранешната пратеничка за деца во Ангила, Ен Лонгфилд, која застапува милиони деца во велика Британија и во ЕУ, а кои ја користат популарната апликација за делење видео содржини.
Доколку судот одлучи во корист на тужителите, TikTok би можел да биде обврзан на секое дете да му исплати илјадници фунти.
Во тужбата се наведува сека TikTok собира лични податоци меѓу кои и телефонски броеви, клипови, точна локација и биометриски податоци без доволно предупредувања за корисниците, транспарентност или законски потребна согласност, додека децата и родителите не знаат за што се користат информациите.
По овој повод, се огласи и TikTok.
„Приватноста и сигурноста нѝ се најголеми приоритети, имаме правила, процеси и технологија за да ги заштитиме сите корисници, посебно нашите тинејџери. Веруваме дека тужбата е неоснована и жестоко ќе се браниме“, се наведува во соопштението.
Се верува дека TikTok денес има повеќе од 800 милиони корисници, а матичната фирма ByteDance заработи милијарди минатата година главно од огласување.
Извор: Klix.ba