Новото Apple TV 4K доби и целосно редизајниран далечински управувач, со подобрен, ергономски дизајн и повеќе функции.
Apple го претстави новиот Apple TV стриминг box, кој ќе го замени Apple TV 4K од 2017 година. Новиот модел го задржува името на претходниот уред, но доаѓа со посилниот A12 Bionic чипсет и овозможува репродукција на HDR видео со повеќе фрејмови во секунда.
Новиот Apple TV е доволно моќен и да поддржува 60fps Dolby Vision преку AirPlay од компатибилен iPhone. Новитет е и поддршката за брзина на освежување од 120Hz, што може да биде значајно доколку корисникот сака посериозен гејминг на Apple TV.
Apple TV 4K доби и целосно редизајниран далечински управувач, со подобрен, ергономски дизајн и повеќе функции. Новиот управувач е подебел од претходниот модел, но има нов контролер на допир во пет насоки и конкретно копче за исклучување на телевизорот. Siri копчето за пребарување е преместено од страната на далечинското.
Новиот Apple TV уред не е редизајниран и останува квадратест со заоблени агли. За истакнување е и новата функција која овозможува оптимизирање на боите на ТВ екранот со помош на светлосниот сензор на iPhone.
Новиот Apple TV има почетна цена од 179 долари за моделот со 32GB простор за складирање и ќе биде достапен за купување од 30. април. Моделот со 64GB ќе чини 199 долари.
Поврзани артикли