Со Android 11 пристигна функцијата „auto revoke permissions“, која што може автоматски да ги врати дозволите кои им се одобрени на апликациите, доколку подолго време не се користи некоја апликација. Благодарение на тимот на XDA-Developers, откриена е нова експанзија за оваа функција, во рамките на протечениот build за Android 12.
Доколку апликацијата не се користи во период од два месеца, автоматски ќе и бидат одземени сите одобренија што и биле овозможени. Со новата функција за автоматска хибернација, покрај повлекувањето на одобрението, оперативниот систем автоматски ќе ја стави апликацијата во хибернација и ќе ги избрише сите привремени фајлови во врска со апликацијата. Ова ќе помогне да се ослободи простор на уредот.
Функцијата auto-hibernate е забележана на „Unused Apps“ страницата во рамките на Settings -> Apps. Засега не е познато дали функцијата ќе се појави во идниот Preview of Beta build на новата верзија на Android.
Поврзани артикли