Apple објаснува дека со одлуката да не се испорачуваат полначи со нивните телефони ќе „заштедат“ 861 000 тони бакар, цинк и калај.
Исто така, поради помалото пакување за iPhone 12, компанијата објави дека доставата е поефикасна, така што има и до 70 проценти повеќе кутии iPhone 12 на секоја палета.
Во извештајот за напредокот на животната средина за 2021 година, компанијата наведува дека минатата година ги намалила емисиите на СО2 од 25,1 милиони тони во 2019 година на 22,6 милиони, додека потрошувачката на енергија е намалена за 13,9 милиони kWh.
Apple вели и дека неговите производи сега користат повеќе рециклирани материјали од кога било досега, како што се 40 проценти од рециклираната содржина во MacBook Air со и 99 проценти од рециклираниот волфрам што го користи во iPhone 12 и Apple Watch Series 6.
Компанијата наведува и дека еден метрички тон компоненти рециклирани од старите iPhone уреди имаат толку злато и бакар, колку што се 150 метрички тони ископана руда.
Извор: B92.net
Поврзани артикли