Научниците од Универзитетот во Утрехт и ТУ Виена создадоа светлосен зрак со посебна фреквенција кој може да помине низ кој било материјал, без разлика колку е темно или густо.
Тоа е специјален светлосен зрак кој е направен на таков начин што не отскокнува од површината на некој предмет, без оглед на материјалот од кој е направен, туку поминува низ него и излегува од другата страна како да нема предмет. Како што објасниле научниците кои го дизајнирале, идејата е да се користат такви зраци за да се погледне што има во предметот.
Користевме цинк оксид, бел прав кој има сосема случајни наночестички, за да расфрламе светлосни зраци, објасни Алард Моск, шеф на истражувачката група.
За да помине зрак светлина низ некој предмет, мора да се внимава колку се сложени слоевите. Светлосен зрак со одредена фреквенција се пренесува преку прашок на цинк оксид и се мери во каква форма доаѓа до детекторот кој се наоѓа зад него. Така, можете да ја пресметате точната шема за тоа како се менува светлосниот зрак кога поминува низ слој на цинк оксид.
„Успеавме да покажеме дека ова се навистина посебни светлосни бранови – т.н. форми на расфрлана непроменлива светлина, кои произведуваат исти бранови модели во детекторот, без оглед дали тие минуваат само низ воздухот или низ комплициран слој на цинк оксид“, вели Стефан Ротер. Во експериментот, видовме дека цинк оксидот всушност не го менува обликот на овие бранови, туку само ги ослабува малку, додава Алард Моск.
Научниците истакнуваат дека, во теорија, има неограничен број на потенцијални светлосни бранови, и со правилно комбинирање на нив, може да се направи практична примена – емитување на слика преку кој било предмет.
Ова може да биде многу корисно во здравството.
Во болниците, Х-зраците се користат за да се погледне во телото – тие имаат помала бранова должина и можат да поминат низ нашата кожа. Но, начинот на кој светлината поминува низ објект не зависи само од брановата должина, туку и од формата на бранот. Ако сакате да ја фокусирате светлината на одредена точка во рамките на некој објект, тогаш нашиот метод отвора комплетно нови можности. Можевме да покажеме дека употребата на нашиот пристап кон дистрибуција на светлина во рамките на слојот на цинк оксид е можна и точна за контрола, објасни докторантот Матијас Кимајер, додавајќи дека можат да се осветлат специфични делови од телото и подлабоко да се погледа во клетките.
Но, сепак ќе биде потребно извесно време за практична примена. Дотогаш, научниците можат да продолжат да истражуваат различни форми и бранови должини на светлината и да ги објавуваат своите откритија во Nature Photonics.
Извор: Zimo.hr