Се уште е нејасно зошто инфекцијата со коронавирусот Сарс-КоВ-2 кај многу заразени лица е лесна или асимптоматска , а кај други опасна по живот.

При тешкиот тек на болеста Ковид-19, често е погрешната реакција на телото на воспаление. Воспалението влијае на белите дробови, понекогаш влијае на срцето или бубрезите. Крвните садови често се оштетуваат и посилно се згрутчува крвта, што може да предизвика формирање на тромбови во белите дробови. Честопати тоа е непосредна причина за смрт во тешкиот тек на ковид-19, пишува Дојче веле.

Тим научници од повеќе германски универзитети и институти во провинцијата Шлезвиг Холштајн и Холандија сега откриле во крвта на пациентите со ковид-19 индикатор што може да укаже на почетокот на можниот тежок тек на болеста.

Научниците собрани во германскиот кластер PMI Precision Medicine откриле незрели тромбоцитни клетки, кои играат клучна улога во згрутчувањето на крвта.

Овие таканаречени мегакариоцити нормално се наоѓаат во коскената срцевина каде што созреваат во готови крвни клетки. Но, тие исто така можат да се најдат во крвта во случај на труење на крвта, вели водачот на студијата Флоријан Тран од Институтот за клиничка молекуларна биологија на Универзитетот во Кил. „Знаеме за такви појави на незрели клетки во крвта на сериозно болни пациенти, на пример, при бактериска сепса (труење на крвта). Ова може да покаже дека опасните проблеми со згрутчување на крвта се предизвикани од овие незрели клетки.

Покрај тоа, научниците откриле во примероците на крв многу незрели црвени крвни клетки (еритроцити), кои обично созреваат во коскената срцевина. Црвените крвни клетки се одговорни за носење кислород во телото. Бројните незрели црвени крвни клетки укажуваат на недостаток на кислород. Тоа е позната реакција кај тешките заболувања на белите дробови.

„Заедно со други податоци, како што се клинички лабораториски вредности и мерење на количината на супстанции што укажуваат на воспаление, успеавме да создадеме еден вид „отпечаток од прст “, потпис на променетиот начин на кој овие клетки функционираат и се следат некое време“, вели др. Неха Мишра, коавтор на студијата.

Молекуларниот потпис во крвта може, според тоа,рано да го идентификува можниот тежок тек на болеста и соодветно да се преземат мерки за интензивен третман.

Меѓународен тим на научници соработувал на истражувањето. Новите откритија се објавени во списанието Immunity од страна на научници од Универзитетот Кристијан Албрехт во Кил (CAU), Универзитетска болница Шлезвиг-Холштајн (UKSH), универзитетите во Бон, Келн, Либек, Тибинген и холандски Нијмеген и научниот центар Борстел-Лајбниц и Германскиот центар за невродегенеративни болести (ДЗНЕ) заедно со колегите од Германското научно здружение Deutsche COVID-19 OMICS Initiative (DeCOI).