Иако не делат околу пет до шест месеци од следната објава на iPhone, гласините за iPhone 13 линијата се се почести. Сега дојавувачот Давид Ковалски (@xleaks7) се здружи со сајтот Coverpigtou.it, за да објави CAD рендери од Product Red iPhone 13 моделот.
Генералниот дизајн е сличен на она што го имаме на iPhone 12 серијата, со рамни агли и засек кој сега е нешто помал. Наведени се димензии од 146,64 x 71,5 x 7,56 мм, што е прибложно на актуелниот iPhone 12 Mini модел.
Големата промена пристигнува на задната страна, каде двете камери сега се поставени дијагонално една кон друга. Овој дизајн на камери го видовме неодамна на протечените iPhone 13 mini CAD скиците.
Кога се во прашање спецификациите, се сугерира LTPO тип на дисплеј за сите модели од iPhone 13 серијата. Се очекува дека големините на екраните ќе останат неизменети во однос на iPhone 12 линијата, па повторно ќе имаме 6,1-инчен дисплеј за iPhone 13 и 13 Pro, екран од 5.4 инчи за Мini и 6.7-инчен екран за Pro Max.