Според новиот извештај на американскиот Securities and Exchange Commission, Facebook во минатата година потрошил повеќе од 23 милиони на обезбедување на извршниот директор Марк Цукерберг.
Најпопуларната друштвена мрежа овој потег го правда со „зголемениот негативен сентимент кон компанијата, кој обично е насочен кон господинот Закерберг, кој е синоним за Facebook”.
23 милиони долари се трошоците за личното обезбедување во вилите на Закерберг, како и за семејните патувања. Закерберг вложил и дополнителни 10 милиони долари за „останати безбедносни трошоци”.
Компанијата смета дека овие трошоци се складни и потребни поради моменталниот спектар на закани.
Facebook планира да предложи и вработување на дополнително обезбедување кое ќе ги штити директорите, поради се поголемиот број обвинувања насочени кон водечките луѓе на компанијата.