„Овие нуспојави не се случуваат случајно туку се случуваат поради тоа што луѓето ја примиле вакцината. Доаѓа до проблем поради имуниот одговор“, вели Лука Чичин Шаин.

Лука Чичин Шаин во емисија на хрватското радио изјавил дека научниците и натаму ја проучуваат вакцината АстраЗенека, но дека нуспојавите од истата се ретки.

„Тие нуспојави не се случуваат случајно, туку се случуваат поради тоа што луѓето ја примиле вакцината. Доаѓа до проблем поради имуниот одговор. Антителата ги препознаваат нашите тромбоцити, местата каде се создава згрутчување и каде се поврзал хепаринот.

Станува збор за проблем кој што во клиниките се случува ретко, но луѓето кои што се вакцинираат со АстраЗенека го пријавуваат почесто. Особено кај младите жени“, вели имунологот.

Чичин Шаин нагласил дека поради тоа Германија донела одлука вакцината на АстраЗенека да не се дава на луѓе помлади од 60 години.

EMA и натаму стои до ставот дека луѓето треба да продолжат да се вакцинираат со вакцината АстраЗенека.

Јелена Крајичиќ Бучиќ од HALMED истакнува дека EMA го поддржува вакцинирањето со АстраЗенека, но дека секоја држава може да си донесе свои национални насоки за примањето на таа вакцина, а сè зависи од епидемиолошката ситуација во државите.

И натаму не може со сигурност да се потврди на кој начин механизмот се одвива, односно сè уште не може да се дадат специфични препораки за земањето на вакцината АстраЗенека. Но, EMA и натаму ќе ја следи реакцијата на луѓето на оваа вакцина.

Крајичиќ Бучиќ исто така додала дека поголемиот дел од нуспојавите на вакцината не се опасни, но доколку се забележат било какви симптоми кај луѓето кои што ја примиле оваа вакцина, истите веднаш треба да се консултираат со доктор.

Извор: 24sata.hr