Poco M3 беше претставен во ноември минатата година и набрзо се позиционираше како еден од најдобрите телефони на пазарот за вложените пари. FCC сертификат сега открива дека е во подготовка е Pro варијанта на овој телефон, со ознака на модел M2103K19PG.

Новиот листинг открива и друг уред, со ознака M2103K19G, кој е на исто ниво со Redmi Note 10 5G претставен на почетокот на март. Ова сугерира дека Poco M3 Pro 5G може да биде ребрендиран Redmi Note 10 5G.

Redmi Note 10 5G има 90Hz LCD екран со FHD+ резолуција и селфи камера од 8MP. Ќе го покренува MediaTek Dimensity 700 чипсет, со 4GB RAM и 64GB простор за складирање.

Батеријата на телефонот е со капацитет од 5000mAh, а поддржува полнење од 18W. Повеќе детали за Poco M3 Pro 5G се очекуваат во претстојниот период.