Google веќе извесно време промовира пошироко прифаќање на побезбедното HTTPS пребарување на интернет, а сега компанијата направи уште еден чекор напред во своите напори. Chrome 90 за десктоп е достапен во стабилен канал, а веројатно вклучува исправка за zero-day ранливоста, што претходно беше откриена во рамките на Pwn2Own натпреварот.
Во текот на март, Google истакна дека Chrome стандардно ќе го користи HTTPS од верзијата 90, сугерирајќи дека се работи за најшироко користен протокол, дека ја подобрува приватноста и безбедноста и ги подобрува иницијалните брзини на вчитување на сајтовите кои користат HTTPS. За iOS, оваа промена ќе пристигне малку подоцна, а веднаш ќе биде достапна за десктоп и за Android.
Оваа верзија на Chrome доаѓа и со AV1 енкодер, за прв пат кога станува збор за десктоп прелистувачот на Google, а компанијата истакнува дека посебно е оптимизиран за видео конференции.
За да се овозможи инсталирање на Chrome 90 верзијата, треба само да го рестартира прелистувачот, а ажурирањето е можно и со одење во Help –> About Google Chrome секцијата во поставките на браузерот.