Тимот на „SpeakOut“ денеска организира онлајн настан на кој ќе се дискутира за менталното здравје и за неговото одржување, за активното вклучување на младите во општеството (волонтеризам), како тоа влијае врз младите и кои се придобивките од него.

На настанот ќе биде претставена и нова и подобрена верзија на мобилната апликација „SpeakOut“. Мобилната апликација претставува слободна и безбедна дигитална платформа за сите млади во земјата на возраст од 14 до 21 година кои сакаат целосно анонимно и без страв од предрасуди да зборуваат за менталното здравје.

За менталното здравје ќе дискутираат Бојана Стојменовиќ – психолог, семеен и системски советник и Горјан Јовановски – креаторот на апликацијата „Мој воздух“.