Аналитичарот на Apple, Минг-Чи Куо тврди дека компанијата од Купертино планира да го имплементира Face ID системот под екранот на Phone моделите во 2023 година. Ова ќе и овозможи на компанијата да го отфрли засекот во дисплејот и да овозможи вистинско искуство на целосен екран.
Компанијата веќе извесно време работи на Face ID сензор под екранот. Бидејќи овој сензор се потпира на IR емитер и на други сензори, не е познато на кој начин целата технологија ќе функционира под дисплејот.
Според наводите, Apple работи на Touch ID сензор сместен под дисплејот. Засега не е познато дали iPhone моделите за две години ќе имплементираат Touch ID или Face ID под дисплејот или дали обете технологии ќе бидат присутни истовремено. Куо претходно сугерираше дека Apple следната година ќе ги додаде и Face ID и Touch ID под екранот на iPhone
Како дел од истиот извештај, Куо сугерира дека Apple ќе се одлучи за сензор од 48MP за главната камера за следната генерација на iPhone. Компанијата, исто така, ќе го прескокне iPhone mini во следната серија и ќе претстави четири телефони со екрани од 6,1 и 6,7 инчи.