Официјална потврда нема, но гласините велат дека Galaxy Z Fold 3 и Galaxy S22 Ultra може да ја имаат оптиката на Olympus.

Соработката помеѓу производителите на мобилни телефони и традиционалните фотографски компании не е невообичаена. Неодамна, OnePlus претстави два нови смартфон модели, на чии камери соработуваше со Hasselblad, додека Nokia и Huawei соработуваа со Zeiss и Leica во развојот на камери за своите модели.

Се чини дека Samsung исто така има намера да ги подобри своите веќе одлични мобилни фотоапарати, и како што пренесуваат бројните технолошки портали, повикувајќи се на доверливи извори, има намера да соработува со Olympus за развој на оптиката на следните генерации телефони. Иако сè уште нема официјални информации за партнерството, првиот смартфон на Samsung со Olypus оптика може да се појави веќе оваа година и тоа би требало да биде третата генерација на флексибилниот уред на компанијата – Galaxy Z Fold 3.

Следната година, Olympus оптика треба да добие и флегшип моделот на Samsung – Galaxy S22 Ultra, но не е познато далу и останатите модели од S22 серијата ќе имаат камери со потписот на познатата фотографска компанија.

На веб-страницата за Tom`s Guide, се истакнува дека таквата соработка би имала смисла за Olumpus, бидејќи компанијата пред неколку месеци ја објави својата намера да соработува со други компании, но се потенцира и дека најавата за соработка меѓу Samsung и Olympus би можела да биде и недоразбирање. Имено, кодното име на новиот сопствен процесор што  го развива Samsung е исто така Olympus, па тоа би можел да биде изворот на недоразбирањето.