Google Play продавницата во 2019. година го доби Material Theme дизајнот, кој е проследен со Dark Mode.
Сега пристигна и следното големо ажурирање, кое носи нова навигација и редизајнирани поставки. Кога ажурираната верзија ќе стигне до вас, синото „облаче“ ќе го истакне аватарот на вашиот профил во горниот десен агол. Тековната сметка е наведена на врвот, а останатите се скриени додека не притиснете Expand. Под тоа, Google го наведува вашиот Play Point статус со лентата за напредок.
Страницата „My apps & games“ е непроменета, но „Library“ е нова и има линкови до листата на желби, Google TV/Play филмови и ТВ и книги. „Payments and Supscription“ се обединети на една страница, а следната е „Play Protect“. „Notifications and offers“, како и „Play Pass“ се поместени надолу.
Settings и Help & Feedback ја заокружуваат листата. Генерално, оваа нова навигација ја одразува тенденцијата на Google постепено да ги укинува фиоките за навигација на Android, со оглед на нивната општа некомпатибилност со навигацијата на движења. Менито Settings е ажурирано. Технички се работи за една долга листа, но четирите главни делови се скриени по дифолт – General ги опфаќа Сметка, Автоматско ажурирање и Преференци, User controls опфаќа Отпечаток од прст и Автентикација на купувањето, Family ги опфаќа Родителска контрола и Родителски водич, додека About ги содржи Play Store, build верзијата и сертификацијата на уредот.
Поврзани артикли