Оние кои се заинтересирани за стартување на Linux на своите M1 Mac компјутери, наскоро би можеле тоа и да го направат. Веќе подолго време се работи на тоа Linux да биде достапен на M1 Mac уредите, а програмерите самоуверено веруваат дека ќе имаат нешто подготвено уште во текот на јуни.
Според извештајот на Phoronix, се тврди дека Linux 5.13 циклусот може да биде периодот кога се очекува да биде додадена поддршка за Apple Silicon. Сепак, се сугерира дека на почетокот нема да биде понудено целосното Linux искуство.
Првата верзија би можела да имплементира функции како што се UART, SMP, DeviceTree и други, така што овој порт првично може да биде само доказ дека Linux е компатибилен со M1 чиповите.
Споменатата објава доаѓа откако Corellium претходно оваа година успешно го пренесе Ubuntu на Mac уредите со М1 чип, иако тоа не беше главниот Linux кернел.