Според извештаите од Јужна Кореја, Samsung наводно е во преговори со компанијата LG во врска со голема нарачка на OLED ТВ панели. Samsung би можел да биде блиску до склучување договор, што ќе му овозможи на LG својот ривал да го снабдува со милиони вакви ТВ панели.
На овој начин, Samsung дополнително би го засилил преминот од LCD на QLED TV панели, кои користат комбинација на quantum dot филтри и LCD позадинско осветлување.
Извештаите сугерираат дека LG ќе обезбеди еден милион панели за Samsung во текот на втората половина на оваа година, а ова во 2022. година ќе се зголеми на четири милиони. Се истакнува дека не е вообичаено Samsung да нарачува дисплеи на својот најголем ривал, но ова може да биде резултат на одлуката на Samsung да се префрли од користење на LCD технологија во своите QLED телевизори на OLED панели.
Покрај ова, The Elec известува дека Samsung работи на прототип на Quantum Dot OLED телевизор, кој не користи LCD панели. Овие прототипи наводно биле одбиени од Samsung Electronics во јануари, бидејќи имале премногу малa осветленост.
.