E39 M5 според многумина, е еден од најдобрите автомобили во производство на BMW во својата историја и солидна спортска лимузина, дури и според денешни стандарди. Еден примерок од неа е продаден за дури 200.000 американски долари.
Автомобилот беше продаден во Синсинати, преку „Ентузијаст ауто груп“ (ЕАГ), фирма специјализирана за BMW модели. Возилото претходно имало само еден сопственик, кој ретко го возел, па километражата покажува 5.000 км, а и сè уште ги има оригиналните гуми.
Каросеријата, механиката и ентериерот во меѓувреме се доведени во речиси совршена состојба, така што новиот сопственик доби скоро „музејски примерок“.
Овој M5 е произведен 2003 година и ја претставува последната моделска година за генерацијата Е39, што значи дека е нејзина најдобра верзија. Познавачите веруваат оти во не толку далечна иднина, E39 M5 ќе вреди и ќе чини многу повеќе.