Ја има насекаде, особено речиси во сите производи, а е една од најштетните по нашето здравје.

Според последните податоци, шеќерната трска е третата култура во светот, после житарките и оризот кои заземаат речиси 27 милиони хектари од земјата ширум светот.

Епидемијата на гојазноста со проследени болести, како што се дијабетес, кардиоваскуларни болести, деменција, па и некои видови на карцином, се рашири во нациите каде прехранбената индустрија е фокусирана на повеќекратно преработени производи каде основните извори се јаглехидратите – простите шеќери.

Првпат хемиски рафинираниот шеќер се појавил во Индија пред околу 2500 години. Оттаму се проширил во Кина, потоа во западна Персија и првите арапски земји, додека конечно не стигнал на Медитеранот во XIII век. Постојат уште поважни центри за производство на шеќер. Во текот на Средниот век шеќерот се сметал за редок и многу скап зачин.

Шеќерот се користи одамна, а масовното производство довело до масовно користење на шеќерот во исхраната, а потоа се појавиле и сите здравствени проблеми.

Влијанието на шеќерните компании е помоќно од фабриките за алкохол и цигари каде сепак успеале да дадат одредени насоки со цел доброто здравје на човекот.

Шеќерот во модерната исхрана зазема 20 отсто од дневното внесување на калории. Се смета за сеприсутен затоа што клучен е за светската економија и културното наследство.

Додека водечките луѓе од овој свет не се соединат околу заедничката цел, а тоа е здравјето на човекот, обидете се сами да го контролирате внесувањето на шеќерот. Бирајте намирници кои се најприближни до својот изворен облик и намалете ја количината на шеќер во рецептите.