Vivo ја претстави својата X60 серија телефони за глобалниот пазар, а еден дојавувач веќе тврди дека ги има првите информации за наследникот на актуелната серија.
Според информациите објавени на Weibo мрежата, Vivo X70 Pro+ ќе има поголем сензор за главната камера, поголема батерија со поддршка за брзо полнење и ќе го задржи Snapdragon 888 чипсетот.
Премиум телефонот ќе биде надограден со 1 /1.28″ камера сензор (во споредба со X60 Pro+ кој има 50MP 1/1.31″ сензор). Батеријата на телефонот ќе има капацитет од 4500mAh, со поддршка за 66W полнење, во споредба со 4200mAh и 55W на сегашниот модел.
Засега, оваа информација треба да се земе со доза на резерва, бидејќи нема опипливи докази дека Vivo планира да претстави два премиум смартфони во период од само неколку месеци.
Поврзани артикли