Се полесно е видео повиците да се остваруваат преку уредите со големи екрани, а за тоа придонесува и Facebook, кој на Portal TV додаде поддршка за Zoom и GoToMeeting.
Zoom постои веќе некое време, но дури со пандемијата стекна поголема популарност. Платформата за многумина стана основна алатка за одржување деловни и други видео состаноци, а наскоро би можела да се интегрира и во други софтвери. Имено, компанијата кон крајот на март објави нов SDK (Software development kit), кој би можел да овозможи интеграција со други платформи.
На тој начин, Zoom наскоро би можел да влезе и на социјалните мрежи, со цел да се подобри стримингот во живо. Се тврди дека интеграцијата може да биде корисна и за гејмингот, бидејќи оние што емитуваат вакви содржини, би можеле полесно да комуницираат со публиката. Креаторите тврдат дека новиот Video SDK може да го подобри искуството на стриминг во живо, без потреба за директно влегување на Zoom Meetings.
Во меѓувреме, опцијата за видео повици пристигна на Portal TV додатокот за телевизори, неколку месеци откако се појави на редовните Portal уреди. Искуството е исто како кога споменатите услуги се користат на други канали, а тука се и опциите за оние кои сакаат да се движат низ собата додека одржуваат состанок – функцијата за засилување на глас, опции што ги ублажуваат последиците кои настануваат во акустичните простории .
Поврзани артикли