Роверот на NASA, Perservance влезе во историјата на човештвото поради тоа што слета на планетата Марс и испрати неверојатни фотографии од површината на оваа планета.
NASA неодамна објави и нови фотографии кои што на прв поглед ги изненадија корисниците на социјалните мрежи.
Имено, на една од фотографиите испратени од Марс може да се забележи нешто кое што изгледа како виножито.
Many have asked: Is that a rainbow on Mars? No. Rainbows aren't possible here. Rainbows are created by light reflected off of round water droplets, but there isn't enough water here to condense, and it’s too cold for liquid water in the atmosphere. This arc is a lens flare. pic.twitter.com/mIoSSuilJW
— NASA's Perseverance Mars Rover (@NASAPersevere) April 6, 2021
Меѓутоа, во описот на фотографијата на официјалниот Твитер профил на NASA, научниците објаснуваат за што станува збор:
„Многумина се прашуваа: Дали ова е виножито на Марс? Не, таму појавата на виножито не е возможна. Тоа настанува кога доаѓа до прекшување на светлината од Сонцето од капките дожд, но таму нема доволно вода за кондензација, а премногу е ладно за водата да биде во течна состојба. Станува збор за лак кој што настанал од одблесокот на леќите на роверот“, стои во објаснувањето на NASA.
Извор: Telegraf.rs
Поврзани артикли