Lenovo во четврток ќе го претстави својот Legion 2 Pro гејминг телефон, кој е наследник на минатогодишниот Legion Pro модел. Сега се појавија неколку фотографии кои го прикажуваат претстојниот смартфон и ни даваат увид во неговиот дизајн.
Legion 2 Pro ќе понуди искуство на целосен екран, со оглед на тоа што нема засек или punch-hole отвор за селфи камерата. Неодамна беше потврдено дека телефонот ќе има 6,92 инчен AMOLED екран, со стапка на освежување до 144Hz. Master Lu бенчмарк тестот претходно откри дека телефонот има Full HD+ резолуција од 2460 x 1080 пиксели и 20,5:9 однос на страни.
Lenovo Legion 2 Pro има понапредна селфи камера во однос на својот претходник, со главен сензор од 44MP. Тука е и pop-up камера модулот, сместен во средината на десната страна на рамката на телефонот.
На задниот дел на уредот се наоѓа систем со камери со 1/1,32-инчен 64MP OmniVision главен сензор, Legion брендирање со RGB осветлување и вентилатори. Lenovo тврди дека Legion 2 Pro ќе биде првиот телефон на светот со два турбо вентилатори и технологија на водено ладење.