Северниот леден океан, кој поради глобалното затоплување го губи замрзнатиот прекривач, директно придонесува за пообилни снежни врнежи во Европа, како на пример во 2018 година, кога се случи ледениот бран наречен „Sвер од исток“, се наведува во објавеното истражување.

Овој бран, кој парализираше голем дел од северна Европа во февруари и март 2018 година, само Велика Британија ја чинеше повеќе од милијарда евра дневно.

Според студијата објавена во списанието Nature Geoscience, овие големи снежни бури биле директна последица на „абнормално топлите“ води во Баренцовото море, кој неколку недели пред тој феномен остана без мраз на околу 60 проценти од својата површина.

Ледениот бран во Велика Британија е наречен „Sвер од Истокот“, во Шведска се вика „Снежен топ“, а во Франција е попознат како „Москва-Париз“.

Во студијата се заклучува дека Баренцовото море без мраз ќе биде главен извор на влага за Континентална Европа и дека ќе биде причина за обилни дождови и снежни врнежи, а тоа ќе влијае на инфраструктурата и сообраќајот.

Според пресметките на истражувачите, од Баренцовото море испариле 140 гигатрони вода, од која настанало 88 проценти влага, која како снег паднала во Европа, пишува Barrons.