Минатата година, Vivo го демонстрираше концепт телефонot APEX 2020, кој имаше селфи камера под екранот, како и „waterfall“ дисплеј. Еден месец подоцна пристигна Vivo NEX 3S 5G, кој го наследи споменатиот дисплеј, но не и камерата (користеше pop-up сензор).

Сега, се појавија неколку протечени информации, кои тврдат дека во подготовка е Vivo NEX 5, кој ќе биде претставен во втората половина на годината. Се појавија и неколку детали за уредот.

Vivo NEX 5 ќе има камера под дисплејот, наместо pop-up механизам. Ова може да биде само за премиум верзијата на телефонот, додека стандардниот модел може да има punch-hole камера. Во секој случај, 6,78-инчниот дисплеј би бил закривен од сите четири страни, а камерата би имала 32MP сензор.

На задната страна, се очекува дека NEX 5 ќе го има GN2 1/1.12″ сензорот на Samsung, како и 50MP сензор за ултрашироката камера. Еден од дојавувачите споменува дека ZEISS ќе биде задолжен за оптиката. Покрај тоа, телефонот би требало да има и IP68 сертификат за отпорност на вода и прашина.

Кога станува збор за батеријата, изворите не се совпаѓаат, па некои тврдат дека батеријата од 4500mAh ќе има поддршка за 66W брзо и 40W безжично полнење, додека други сугерираат поддршка за 120W брзо и 60W безжично полнење.

Од објавата на Vivo NEX 5 телефонот сигурно не делат околу шест месеци, што значи дека уредот е во прототип фази на развој, поради што и се јавуваат различни информации за смартфонот.