Научниците од Универзитетот Беркли во Калифорнија го развија експерименталниот дрон Midair Reconfigurable Quadcopter, кој може да го менува својот облик во воздухот.

Дронот е производ од High Performance Robotics лабораторијата (HiPeRLab),а во неговиот развој се користени пасивни шарки и не се потребни актуатори или сензори кои дополнително ја трошат батеријата. Со други зборови, секоја шарка се свиткува навнатре кога нејзиниот пропелер ќе запре или ќе почне да се ротира обратно, а кога ќе се вклучи пропелерот, процесот е обратен.

Квадрикоптерот може да ги склопи двата крака благодарение на овој метод и покрај тоа да одржува стабилен лет. Тоа значи дека дронот може да ја промени својата форма, што му овозможува да се „провлекува“ низ тесни отвори, додека двата склопени краци можат да се користат за фаќање предмети.

Леталото може брзо да се спушти низ тесен отвор, бидејќи неговите краци пасивно ќе се склопат кога пропелерите ќе застанат или ќе почнат да се вртат обратно.

Дронот може да се запре на висечка жица како кабел за напојување. Кога рацете на дронот се свиткани, центарот на гравитацијата на дронот се поместува под жицата, што значи дека леталото ќе се балансира и нема да падне.