Играта Call of Duty: Mobile е исклучително популарна, а минатата година на своите креатори им донесе огромни пари.
Developer TiMi Studios, кој е во сопственост на компанијата Tencent, стои зад играта Call of Duty: Mobile, а Reuters јавува дека студиото во текот на минатата година, благодарение на споменатата игра заработило 10 милијарди долари. Со ова, студиото TiMi стана најголема програмерска куќа на светот.
Call of Duty: Mobile се појави во 2019. година и во првата седмица го преземаа повеќе од 100 милиони корисници.
TiMi се подготвува за работа на нова игра, а се гради и ново студио во Лос Анџелес.
Tencent е сопственик на студиото Lightspeed & Quantum, што ја разви играта PUBG: Mobile. Оваа игра исто така стана хит и забележа повеќе од милијарда преземања ширум светот.
Поврзани артикли