Доколку поседувате паметен телефон, лаптоп или поголем дел од другите современи уреди, веројатно сте се сретнале со симболот што изгледа како модификувана буква B на екранот. Станува збор за Bluetooth и дознајте подолу што се крие зад неговиот дизајн.

Познато е дека Bluetooth технологијата дозволува уредите да се поврзуваат безжично на кратки растојанија (на пример телефон со лаптоп, компјутер со глувче, звучник со таблет итн.). Сепак, малкумина ја знаат историјата за потеклотото на оваа технологија.

Верувале или не, името Bluetooth, како и неговиот симбол се инспирирани од Викинзите. Сепак, поточно би било да се каже еден Викинг, данскиот крал Харалд „Bluetooth“ (синозаб) Гормсон.

Идејата неговиот прекар „Синозаб“ да се користи за името на оваа безжична технологија потекнува од инженерот Џим Кардач од Intel.

Кардач сметаше дека ова е соодветно затоа што Гормсон ги обединил различните дански племиња во едно кралство, додека Bluetooth, од друга страна, ги обедини различните комуникациски протоколи во една технологија.

На тој начин, овој инженер му ја претстави својата идеја на шведскиот колега Свен Матисон, кој оваа технологија ја развиваше за компанијата Ericsson.

Тој беше воодушевен од неговиот предлог и новата технологија на безжично поврзување го доби своето препознатливо име.

Кога станува збор за впечатливиот симбол на Bluetooth, тој во суштина претставува спој на две викиншки руни (букви во рунската азбука), кои ги претставуваат буквите H и B во денешната азбука, а тоа се иницијалите на данскиот крал Харалд „Bluetooth“ Гормсон, пишуваDesign Taxi..