Физичката активност за 20 проценти го намалува ризикот од емотивни и психолошки проблеми за време на карантинот, покажуваат резултатите од испитувањето спроведено во Италија, пренесува весникот „Санита“ специјализиран за здравствените работници.

Во испитувањето учествувале 18 илјади студенти, професори и други универзитетски работници, при што било утврдено дека од анксиозност и депресија, за време на карантинот повеќе страдале тие кои што престанале да спортуваат.

Истражувањето во кое учествувале неколку италијански универзитети покажало дека последиците од променетиот начин на живот потешко ги погодиле лицата кои никогаш не се занимавале со спорт.

Исто така, дури 50% од оние кои што активно спортувале, а во текот на пандемијата ја прекинале физичката активност, биле изложени на поголем ризик на емотивно-психолошки проблеми.

Истражувањето покажало дека ризикот од анксиозност и депресија, во време на карантин, било поголемо кај лицата кои се во послаба „материјална состојба“.

Извор: Blic.rs