Првиот пат коj свири е направен во Данска во далечната 1994 година од двајца уметници

Сега, Националниот центар за индустриски истражувања на јапонскиот остров Хокаидо го унапредил овој дизајн и го креирал таканаречениот „Пат на мелодијата“.

 Симфонијата и тоновите се различни во зависност од брзината, а целта е да се допре до свеста на возачите за да ја почитуваат брзината.

Всушност, ако возачот сака да ја слушне вистинската мелодија, тој мора да вози како што е пропишано, 50 km/h.

Ако се зголеми брзината, музиката станува скоро неподнослива затоа што, во вистинска смисла на зборот, се деформира и се губи вистинската арија.

Земјата на „изгрејсонцето“ на ист начин „оживеала“ 33 делници, што било инспирација и за другите, така што вакви рути постојат и во Калифорнија.

Како звучи тоа, погледнете во приложеното видео.

Извор: Додај Гас