YouTube експериментира со нов дизајн на платформата во кој нема да се прикажуваат бројот на дислајк ознаки под видеата. Иако бројот на луѓе кои ги означиле видеата како „не им се допаѓаа“ ќе биде скриен за јавноста, креаторите на видеа сепак ќе имаат пристап до овие податоци.
Видео-платформата во сопственост на Google, со години им дозволува на корисниците да ги оценуваат видеата, користејќи опции „ми се допаѓа“ или „не ми се допаѓа“.
Неодамна, раководството реши да го испроба неприкажувањето на дислајк ознаки, поради пораките од креаторите кои тврдат дека оваа опција служи како средство за „малтретирање“ на одредени корисници на YouTube.
YouTube објави дека покренал „мал експеримент“ за да тестира неколку нови видови на дизајни, кои не го покажуваат бројот на дислајк ознаки на јавноста. Ова следеше како одговор на повратните информации за добросостојбата на корисниците и можното организирано и насочено негативно обележување на одредени видеа.
„Ако сте дел од овој мал експеримент, може да забележите еден од овие дизајни во наредните недели“, најавија од YouTube на нивниот официјален Twiiter профил.