Компанијата Snap која стои зад популарната апликација Snapchat, планира да го прошири својот бизнис и да развие AR очила и дрон.
Очилата под името Spectacles, наводно ќе содржат дисплеи за корисникот да може да гледа AR ефекти без потреба да користи мобилен телефон. Оваа можност досега ја немаа ни досегашните модели.
Очилата Spectacles ќе бидат наменети за програмерите и креаторите, а не за потрошувачите. Моделот Spectacles 3 кој чини 380 долари е исто така ограничен за тој пазар. Сепак, целта на програмерите е да направат очила кои потрошувачите ќе ги користат некогаш во иднина.
Ако новите очила функционираат како AR headset, тоа би можела да биде кулминација на она на што го работеше Snap кога станува збор за првите три верзии. Моментно, очилата Spectacles главно се користат како камери на главата, додека процесирањето се врши со помош на мобилниот телефон. Не е баш рецепт за успех, а компанијата изгуби 40 милиони евра кога не успеа да ги продаде залихите од првиот модел.
Овие информации се показател дека Snap не се откажува од своите соништа, а претходно беше најавено дека AR хардверот ќе биде нешто што ќе ја дефинира компанијата до крајот на оваа деценија.
Snap развива и дрон, а првите шпекулации се појавија уште пред четири години кога ја купи компанијата што ги произведува овие авиони. Покрај тоа, инвестираше 20 милиони долари во една кинеска компанија која произведува беспилотни летала. Засега е непознато кога ќе се појави дронот на Snap.
Поврзани артикли