Xiaomi во текот на својата вчерашна презентација неочекувано ги претстави моделите Mi Laptop Pro моделите во големини од 15 и 14 инчи.
15-инчниот Xiaomi Mi Laptop Pro се одликува со E4 OLED дисплеј, истиот што Xiaomi го користи и на своите премиум смартфони. Овој 10-битен панел нуди 100% покриеност на DCI-P3 спектарот на бои и има Gorilla Glass заштита.
Mi Laptop Pro 15 го покренуваат Intel Core процесори од 11. генерација (i5 како стандард и i7 по избор). И во двата случаи, се добива GeForce MX450 GPU (2GB VRAM). За ладењето се задолжени два вентилатора.
Лаптопот има 66WHr батерија и поддржува полнење до 100W. Кога станува збор за конекциите, присутни се Thunderbolt 4 порт и два USB-C приклучока.
Xiaomi Mi Laptop Pro 15 ќе се најде во продажба од април, по почетна цена од околу 990 долари, за моделот i5 кој има 16GB RAM и 512GB простор за складирање. Xiaomi креираше и AMD верзија на овој лаптоп, кој пристигнува во мај и ќе користи Ryzen 5000H (45W процесор).
На оние на кои им треба нешто попреносно, на располагање го имаат Xiaomi Mi Laptop Pro 14. Овој модел користи 14-инчен 120Hz LCD LCD панел, со 2,5K резолуција и 16:10 однос на страните.
Овој модел, исто така, добива i5 и i7 варијанти на процесорите од 11. генерација на Intel, заедно со GeForce MX450 GPU. Батеријата од 56WHr има поддршка за полнење од 100W. Постои само еден Thunderbolt 4 порт. Двата лаптопа нудат Wi-Fi 6 конекција.
Xiaomi Mi Laptop Pro 14 има почетна цена од околу 805 долари, а во продажба ќе се најде од 1 мај, за моделот со 16GB RAM и 512GB простор за складирање податоци.