Најновите извештаи сугерираат дека Apple повторно ќе соработува со TSMC за креирање на чипсети за годинашната iPhone линија. Претстојните модели на iPhone ќе ги покренува Apple A15 чипсетот, заснован на 5nm процес на производство на TSMC.
Според извори од синџирот на снабдување на компанијата од Купертино, Apple A15 чипсетот ќе се најде во масовно производство од мај, додека објавата на iPhone 13 се очекува во текот на септември или октомври.
А15, како и неговиот претходник, ќе биде заснован на 5 нанометатски процес на производство, но овој пат TSMC го подобри процесот за да овозможи нешто подобри перформанси и помала потрошувачка.
Apple веќе неколку години соработува со компанијата TSMC, а ова партнерство изгледа нема да заврши во скоро време, бидејќи Apple во 2022 година го сака 4nm процес на TSMC во моделите на iPhone.