Промените вклучуваат повеќе контроли на плејлисти и преземање на музика.

Иако естетските промени се добредојдени, вистинските измени за редовните корисници вклучуваат нови алатки за плејлисти и копче за преземање што ви овозможува да ја зачувате музиката и подкастите за офлајн репродукција. Ако сте некој што сака да креира компилации од вашите омилени песни и подкасти, ова ажурирање може да ве натера да почнете да користите десктоп плеер наместо мобилна апликација. Кога креирате листа на песни, сега ќе можете да користите интегрирано пребарување за да пронајдете музика и подкасти. Можете да напишете и описи, да поставувате слики и да вршите drag and drop на постоечкитемплејлисти. Новите контроли во основа го олеснуваат креирањето на плејлисти на десктоп или веб плеерот.

Во меѓувреме, промените во дизајнот вклучуваат почетна страница што одговара на мобилната апликација, со комбинација со препорачаните плејлисти на Spotify и песните кои често ги слушате, поедноставен sidebar – во комплет со алатката за пребарување – подобрена библиотека со нови филтри што ќе ви помогнат да сортирате музика и подкасти и освежени страници на профили кои ги додаваат вашите омилени уметници и песни. Дополнителните поставки вклучуваат можност за уредување на редици и прикажување на “неодамна пуштените” содржини од десктоп апликацијата.

За компанија која направи револуција во начинот на кој и пристапуваме на музиката, Spotify признава дека нејзиниот десктоп и веб производ бил инфериорен во однос на мобилната апликација. Можеби, со повеќето луѓе кои слушаат дома, наместо на пат кон работа, компанијата беше приморана да обрне внимание на своите компјутери и веб плеери. Без оглед на причината на промените, звучн како Spotify да ја препознава важноста на своите апликации кои не се мобилни.