Компанијата Rolls-Royce соопшти дека почнала да го произведува најголемиот мотор во светот наменет за авиони.
Моторот наречен Ultrafan има дијаметар од 3,5 метри, а неговата цел е да помогне во редефинирање на одржливиот воздушен сообраќај во следните години.
Проектот е поддржан од британската и германската влада, а делови се произведуваат во Бристол во Велика Британија и во Далевиц во Германија. Потоа се доставуваат во Дерби за завршните работи. Во Бристол се произведува систем на вентилатори од јаглероден титаниум, додека во Далевиц настанува 50MW Power Gearbox, доволно моќен да покренува 500 семејни автомобили.
Моторот ќе биде за 25 проценти поекономичен од првата генерација на Trent мотори, а тоа е исклучително важно за да се постигне одржливост во авијацијата. Подобрената штедливост ќе помогне да се направи поблага транзиција на поодржливи горива. Во текот на првото тестирање на моторот, ќе се користи 100 проценти одржливо авионско гориво.
Исто така, овој мотор ќе биде основа за потенцијалното ново семејство на UltraFan мотори, кои ќе ги покренуваат тесните и широки авиони.
Ultrafan мотор ќе има ново Advance 3 јадро со максимална ефикасност на согорување на горивата и ниска емисија на штетните гасови. Неговите напредни керамички компоненти ќе бидат поефикасни при температурите на турбините со висок притисок.
Моторот ќе биде изработен до крајот на годината.
Поврзани артикли