Астронаути на НАСА решија да направат пица во вселената. Како што напишал италијанскиот астронаут Паоло Несполи на „Твитер“, нивниот шеф ги набавил сите потребни состојки за да направат пица – храна што многу им недостига.

Едноминутното видео што го направил Ренди Бресник е објавено на интернет и ја покажува нивната умешност во подготвување храна во несекојдневни услови.