Покрај постојните соеви на коронавирус, кои предизвикуваат загриженост во светот, од примероците собрани во Индија е откриен и нов вид наречен двоен мутант.
Научниците тестираат дали новиот сој, во кој две мутации се споиле во еден ист вирус, може да биде позаразен, смртоносен или поотпорен на вакцините.
„Како и сите вируси, и коронавирусот се менува како што преминува од една на друга личност. Огромното мнозинство од овие мутации е занемарливо и не го менува начинот на однесување на вирусот. Но, некои мутации активираат промени во шилестиот протеин што го користи вирусот за да влезе во човечките клетки. Овие варијанти може потенцијално да бидат заразни, да предизвикаат посериозни болести или да не реагираат на вакцините“, велат експертите.
Вакцините против респираторни патогени, како САРС-Kов2, вирусот што предизвикува Ковид-19, нè штитат стимулирајќи ги нашите тела да создаваат антитела. Најдобра заштита е неутрализирање на антителата бидејќи тие спречуваат вирусот да влезе во човечките клетки.
Но, индиските научници ја откриле таканаречената двојна мутација на коронавирусот.
„Ваквите двојни мутации обично ја зголемуваат заразноста и полесно може да го избегнат имунитетот“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.
Ако се појават доволно мутации во вирусно семејно стебло или лоза, вирусот може да почне да функционира поинаку и да предизвикува загриженост.
Научниците велат дека британскиот вид на короанвирусот има девет мутации.
Научниците од целиот свет ќе може да утврдат дали двојниот мутант е од истата лоза како онаа пронајдена во Велика Британија или дали оваа комбинација на мутации се појавила независно, како што беше случај со мутациите што се споиле во Бразил и Јужна Африка и формирале соеви P.1 и B.1.351, велат експертите.
Поврзани артикли