Новите слушалки на Nokia, означени како BH-205, се забележани на листингот на FCC. Станува збор за „truly wireless“ слушалки, за кои листингот открива фотографии, вкупни димензии и други карактеристики.

Според податоците од сертификатот, BH-205 безжичните слушалки ќе користат USB Type-C кабел за полнење, ќе имаат футрола за полнење и три типа на капаци за уши. Футролата за полнење ќе содржи 400mAh батерија, додека секоја од слушалките ќе има по една 40mAh батерија.

Nokia Lite Earbuds (BH-205) слушалките ќе имплементираат функции за користење на допир, контрола на музика и повици. Nokia веќе објави настан за 8. април, каде се очекува официјална објава на BH-205 слушалките, како и новите телефони на компанијата.