Пред неколку дена се појавија информации дека Discord бара купувач и дека Microsoft е во преговори со компанијата за потенцијална аквизиција.
Сега нов извештај на Wall Street Journal тврди дека компанијата со седиште во Редмонд планира овој договор да го официјализира во април. Според информациите на WSJ, Microsoft е во ексклузивни преговори со Discord за купување вредни повеќе од 10 милијарди долари.
Доколку овој договор се реализира, тоа ќе биде најголемата аквизиција на Microsoft, уште од купувањето на LinkedIn во 2016 година. Microsoft неодамна ги купи GitHub и ZeniMax Media за по 7,5 милијарди долари.
Discord во последно време забележа значителен раст, а пазарната вредност на компанијата се проценува на над седум милијарди долари, според податоците од декември.